мај 15, 2026

Опожареното возило кое се поврзува со првиот вицепремиер Артан Груби, не е приватно возило на лицето Б.Л. како што вчера тврдеше вчера Министерството за внатрешни работи, туку возилото било во сопственост на компанијата „Еуро Ком Лајтинг“, која неодамна во Попова Шапка го купи хотелот на „Гранит“, пишува Фокус.

Според медиумот компанијата „Еуро Ком Лајтинг“ е фирма за осветлување со еден вработен, која неколку години наназад работи со загуба, го купила хотелот за 55 илјади евра, непосредно пред градежниот гигант да го склучи вториот договор со ЈП за државни патишта на чело со Ејуп Рустеми од ДУИ за комплетирање на автопатската траса до Блаце од 2 километри.

The post Запаленото возило пред зградата на Груби било во сопственост на компанија, која за 55 илјади евра го купи хотелот „Гранит“ на Попова Шапка appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK