мај 15, 2026

Силно невреме го погоди Пробиштип и околината во попладневните часови. Истото беше проследено со силен ветер, врнежи од дожд и силен град. Слично е и во соседните градови, како и во Куманово.

Во Куманово, жителите сведочат дека паѓал град со големина на орев.

Засега во Скопје, времето е сончево. Но и во главниот град е најавено дека има услови за невреме.
„ Поради насобраната голема енергија во атмосферата и благо зголемената влажност над нашето подрачје, денес во попладневните часови во северните делови ќе има услови за локално невреме со интензивен пороен дожд и електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град“, известија од УХМР.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK