мај 15, 2026

На денешен ден во 1957, како резултат на тешките затворски услови и тоа што не му било дозволено да се лечи, згаснува животот на овој македонски великан и прв претседател на Президиумот на АСНОМ – Методија Андонов – Ченто.

Ченто е континуитет на Илинден кој се водел од максимата ,,патот на Илинденците” и се залагал за самостојност на Македонија, но го отворил и прашањето за обединување на #Македонија и македонскиот народ и токму поради тие свои ставови, дошло до судир со тогашните власти.

Ченто бил жртва на монтиран случај поради наводен национализам и предаден од своите, па така е осуден на 11 години казна во затворот во Идризово и чуван во најтешки услови во т.н. ,,специјална ќелија”.
Измачуван и гладен, никогаш не се откажал од своите идеали, дури ни кога во затворот му понудиле да потпише дека се кае и откажува во замена за слобода и лагоден живот – тој останал доследен.
Ако Ченто отстапел и ги предал своите заложби, ние денес немаше да ја имаме оваа Македонија.
Затоа долг на нашата генерација е гласно да говориме за овој голем македонски патриот и да ги следиме неговите идеали.

,,Сонцето нѐ обединува, а името е наша вековна гордост!”

Нека му е вечна слава!

The post На денешен ден во 1957, како резултат на тешките затворски услови и тоа што не му било дозволено да се лечи, згаснува животот на овој македонски великан и прв претседател на Президиумот на АСНОМ – Методија Андонов – Ченто. appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK