мај 15, 2026

Силното невреме што вчера зафати делови на Скопје зад себе остави големи штети на приватни, но и на јавни објекти.

Но и покрај јавните објави дека штетите веднаш се расчистуваат фотографии испратени до нашава редакција утрово покажуваат дека тоа и не е баш така.

Фотографиите покажуваат дека дворот и објектот на детска градинка во скопската општина Гази Баба како да се дел од хорор филм, паднати дрвја, оштетен покрив, откорнати бехатон плочки, сериозно ја загрозуваат безбедноста на дечињата и воспитниот кадар во градинката.

Родители кои ги испратија фотографиите се револтирани на локалната власт која иако информирана, не презела ништо за санација на штетите и обезбедување сигурни услови за децата.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK