мај 15, 2026

Националното здружение „Храбро срце“ е асоцијација на пациенти со механичка циркулаторна потпора на работа на срцето и новните поддржувачи.

Тие велат дека механичката потпора на работата на срцето не е трајно решение. Тоа претставува мост до трансплантација.
Во нашата земја најмладиот пациент со LVAD пумпа е 25-годишен, потоа следуваат 28, 30, 34, 38, 47, 52, 61, 63 годишни. Од Здружението „Храбро срце“ испраќаат АПЕЛ:

– „Имаме неопходна потреба од дополнителна логистичка поддршка – да се обезбеди и да се плати превозот на тимот за трансплантација од странство за да може да пристигне во Македонија, во рок од три часа од моментот кога ќе има достапен орган за трансплантација за LVAD/BIVAD пациент.“- велат од „Храбро срце“.

Ние му даваме јавност на АПЕЛот за да стаса до надлежните.
Исто така Васко Јолески, претседател на Здружението и пациент со механичка потпора на срце уште еднаш упати апел до Владата за овозможување транспорт на тим за трансплантација од странство за брзо пристигнување во моментот кога ќе има достапен донор.

– Апелираме што поскоро да се стави во функција владиниот авион, доколку е потребно да се донесе медицински експерт за поддршка од странство, за трансплантација кај пациент со механичка поддршка. Досега во нашата држава нема направено трансплантација на пациент со механичка потпора и првите две-три би било добро да се со поддршка од нивни колеги од регионот со кои веќе соработуваат, изјави Јолески за МИА.

Пациентите од „Храбро срце“, нагласи, не ја губат надежта дека во скоро време, по долги години чекање, и тие ќе добијат втора шанса за
живот.

The post Пациентите со механичка потпора на срце уште еднаш упатија АПЕЛ до Владата за овозможување транспорт на тим за трансплантација од странство за брзо пристигнување во моментот кога ќе има достапен донор. appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK