мај 15, 2026

Додека вредните акции на осудениот Сашо Мијалков се распродаваат на аукција, тој се вработи како возач за потребите на струшкиот затвор. Веб-медиумот ИРЛ ги објави овие информации, а потврда има и од Управата за извршување на санкции. Телма се обиде да добие детали за работните задачи на Мијалков, а од струшкиот затвор најавија детали за утре. Едниствено е познато дека Мијалков е задолжен за затворско комбе за набавка на стоки за потребите на струшкиот затвор. Ова доаѓа во моменти кога истекува првата година од трите на кои Мијалков е осуден во предметот „Империја“, а ги одлежува во струшкиот затвор. Во меѓувреме, утре е последниот ден до кога на берзата ќе се продаваат акциите чиј сопственик беше екс-директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање кои пак тој ги отстапи на државата за да се спогоди во случајот „Империја“ во замена за тригодишна затворска казна. Акциите се продаваат по оглас и налог на Агенцијата за управување со одземен имот, на јавна берзанска аукција и на 25 јули ќе се знае дали и колку заработила државата од акциите на Мијалков. Пресудата на Мијалков му беше изречена лани на 8 јули и тогаш тој се спогоди за признание на вина со обвинителката Лиле Стефанова. На Мијалков му беше одземен имот вреден околу 30 милиони евра, меѓу кои 25 станови и парцелата до хотелот „Мериот“. Сашо Мијалков сѐ уште ја издржува казната затвор во наведената установа и не е работно ангажиран надвор од установата, туку е ангажиран од страна на казнено – поправната установа за свои потреби како возач, работна задача која зависно од потребите, може да биде доделена на осудени лица кои имаат отворен третман во процесот на ресоцијализација, е ставот на Управата за извршување на санкции.

The post Мијалков доброволно работи како возач во струшкиот затвор appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK