мај 15, 2026

Заврши поставувањето на фотонапонската централа на кровот на СОСУ „Св. Кирил и Методиј„ Охрид.

Централата е со моќност од 22 kW и ќе биде надополнување на новиот систем на греење на училиштето преку топлотни пумпи што значително ќе ги намали трошоците на оваа образовна институција, а секако ќе придонесе и за заштита на животната средина.

Остануваат да се завршат формалните процедури со ЕВН околу приклучување во дистрибутивната мрежа по што ќе биде ставена во функција.

Фотонапонската централа, нејзиното проектирање и поставување е комплетна донација од страна на компанијата ОКТА а.д. Скопје. Оваа донација е вистински пример за општествена одговорност.

The post Поставена фотонапонска централа во СОСУ „Св. Кирил и Методиј„ Охрид appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK