Петар Мирчевски од Прилеп, Марио Ванчоски од Штип и Филип Бојаџиевски од Скопје освоија бронзени медали на 55-та по ред Интернационална олимпијада по хемија во Цирих, Швајцарија. Олимпијадата започна од 16-ти јули, а се натпреваруваа средношколци од целиот свет.
Покрај нив со пофалница од Цирих се врати и Марија Петрова од „Раде Јовчевски Корчагин“. Марио учи во гимназијата „Славчо Сојменски“, Петар Мирчевски во „Мирче Ацев“, а Филип во „Орце Николов“.
Водачи им беа професорот доктор Миха Буклески, вонреден професор на ПМФ, Скопје и професор доктор Марина Стефова, која редовен професор на Природно математичкиот факултет во Скопје.
The post Средношколци од Македонија освоија три бронзени медали на Олимпијада по хемија во Цирих appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
