мај 15, 2026

Продолжува процесот на Уставни измени во Собранието на Република Македонија откако денеска беше затворена дискусијата во Комисија за уставни прашања и беше изгласана потребата за уставни измени.

Во процесот следно е гласањето за потреба од отворање на Уставот на пленарна седница на Собранието на Република Македонија.

Дискусијата во Комисијата траеше пократко од очекуваното имајќи во предвид дека збор зеде само по еден пратеник од пратеничките групи застапени во оваа Комисија.

За потребата за уставни измени гласаа 10 членови на Комисија, а присутен беше и премиерот Димитар Ковачевски како претставник на Владата и предлагач на уставните измени.

За гласаа 10 членови на Комисијата, а против гласаа 7 членови на Комисијата.

Ковачевски видно задоволен и насмеан си замина од Салата „Борис Трајковски“.

Официјално пленарната седница за отворање на Уставот е закажана за 18 август, но не се исклучува да се случи и порано од очекуваното.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK