мај 15, 2026

Невиден досега скандал се случи денеска за време на прес конференција на министерот за економија, Крешник Бектеши, а го приреди новинарка.

Додека министерот објаснуваше зошто гласал за концесиите за рудникот Иловица-Штука, новинарката Александра Дуковска се побуни зошто Бектеши ја нарекува државата Република Македонија кога, таа, како што рече, е непостоечка држава.

“3борувате за непостоечка држава. Зборувате за државата на која името ѝ е променето, а стоите тука покрај три знамиња” – реагираше новинарката Дуковска.

Таа го праша Бектеши дали знае како ни се вика државата, а тој и одговори дека знае.

“Северна Македонија”, рече тој.

“Па што е ова тогаш, зошто ја ословувате како Република Македонија, која ви е таа држава?”, рече на одговорот од Бектеши новинарката.

На ова министерот Бектеши ѝ одговори:

„Само да бидеме начисто. Документите и зошто викам Република Македонија се донесени кога името на државата било Република Македонија. Нема никаков проблем да не кажувам Република Македонија“.https://www.facebook.com/603272137/videos/118291121335912/

The post “Што е ова, не знаете како се вика државата” – Новинарка го караше Бектеши оти рекол Република Македонија appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK