мај 15, 2026

Министерството за економија ги повикува сите граѓани во државата редовно да си ги подмируваат обврските кои ги имаат кон енергетските компании.

По блокадите на граѓаните од Слупчане кои повторно не дозволуваа екипите од ЕВН да влезат во селото и создадоа нови дефекти во мрежата, министерот Бектеши вели дека секој граѓанин кој се снабдува со електрична енергија во државата има обврска да плати.

Повикуваме дека секој граѓанин треба да плати за тоа што го потрошил бидејќи така функционира пазарната економија, вели министерот.

Ги повика надлежните институции да постапат согласно нивните надлежности и да се реши проблемот со снабдување со електрична енергија во Слупчане и околните села и да се овозможи работа на екипите на ЕВН Македонија.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK