мај 15, 2026

Изгорениот автомобил на вицепремиерот Артан Груби имал специјална сигнализација со светла (флешери) и звук, какви што имаат специјалните службени автомобили. Ова го потврди самиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој на прашање на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, рече дека во земјава има многу автомобили кои на црно имаат поставено специјална сигнализација. Според Спасовски, функционерите се најголеми мангупи во сообраќајот.

Ковачки побара отчет и од главниот обвинител Љубомир Јовевски, дали покренал иницијатива за сите сомнежи за изгорениот автомобил што Груби го користел приватно?

Потенцирајќи дека судството е нефункционално, а врз основа на извештаите на меѓународните институции ужива најниска доверба кај граѓаните, пратеникот на македонската опозиција го праша Јовевски кога ќе поднесе оставка, на што тој му одговори дека Ковачки нема да може да ужива во оставката.

The post Комшијата на Груби нелегално ги поставил полициските флешери на Аудито. appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK