Со нож прободен началникот на полицијата во Струга !!!
Началникот е пренесен во струшката болница каде му се констатирани тешки телесни повреди, а против напаѓачот ќе биде поднесена кривична пријава
Жител (43) на струшкото село Велешта е приведен по напад со нож на началникот на Полициската станица во Струга, јави дописничката на МИА.
Информацијата ја потврдиле и од СВР Охрид.
„Околу 19 часот во Струга од полициски службеници од ОВР Струга е лишен од слобода С.Н. (44) од струшкото село Велешта, затоа што денеска околу 17:30 часот на улицата ’Ристо Крле‘ во Струга со остар предмет го нападнал А.Д.(46) од Струга“,
изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
А.Д., според него, е пренесен во Општата болница во Струга каде му се констатирани тешки телесни повреди.
Против напаѓачот, во координација со јавниот обвинител ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, истакна Димоски.
The post Со нож прободен началникот на полицијата во Струга appeared first on Шило Магазин.
Следете не, не има насекаде
