мај 14, 2026

Во жешките, летни денови ништо подобро не освежува од лесните чорбички и потажи од зеленчук.
Во сезоната на тиквички направете си крем-чорба од овој зеленчук по рецепт којшто нема да ви одземе многу време.

Состојки:

500 грама тиквички;50 грама путер;2 чешниња лук;1 лажица брашно;250 милилитри павлака за готвење;свежи зачини;сол, бибер;семки од сончоглед или тиква (по желба);малку лимонов сок.

Подготовка:
Излупете ги тиквичките, па изрендајте ги, малку посолете ги и оставете ги да отстојат 10-на минути.
Во тенџере во кое ќе ја варите чорбата, ставете го путерот, па кога тој ќе се растопи на тивок оган додадете една лажица брашно и кратко пропржете, не менувајќи ја температурата на ринглата.
Кога брашното ќе се пропржи додадете ги тиквичките, па динстувајте.
Кога тиквичките ќе бидат готови, додадете исечкан лук, бибер и павлака за готвење, како и свежи зачини и после неколку минути тргнете го тенџерето од рингла.
Пред да послужите додадете малку лимонов сок и семки од сончоглед, односно тиква.

На здравје!

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK