мај 14, 2026

Екипите на сектор Канализација при ЈП Водовод и канализација – Скопје, покрај редовните активности за одржување на канализационата мрежа,  во согласност со податоците на УХМР и најавите за невреме во текот на утрешниот ден, спроведуваат и дополнителни активности за расчистување на сливниците и шахтите на критичните точки и сите подвозници во градот,  со цел непрекината функционалност на атмосферската канализациона мрежа.

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје се подготвени за интервенции и навремени реакции и во текот на утрешниот ден, во согласност со условите и во зависност од интензитетот и количината на водениот талог, со цел задоволување на потребите на граѓаните и градот Скопје.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK