мај 14, 2026

Фотографот Влатко Рафески сакал да направи фотографија од Охридското езеро и да ја промовира Македонија пред светот, но притоа се соочил со непријатно искуство.

Рафески се пожали дека му побарале 3.000 денари за фотографирање од Националниот парк „Галичица“.
– И така решив да отидам на Галичица за да направам некоја фотографија од нашето ни најубаво и најстаро езеро, она што е под капа на УНЕСКО, да направам фотографија со која што ќе се претставиме надвор со нашата убавина за да не крадеме од интернет фотографии од Франција, Шварцарија итн. И како што е редот вртам во НП „Галичица“ да прашам дали важи забрана, шатор па пожари и сè со ред зошто си ги знам процедурите. И дечкото ми вика „Да, моит шатор, ќе си платиш влез како што е редот“ и тоа е сè супер кога наеднаш „A мор сакаш да сликаш, епа ако сакаш да сликаш 3.000 денари, а ако сакаш да снимаш 10.000 ден“. Седам и си викам, да одам да го фотографирам, да го претставам во светот да се пофалам со нашата убавина и да платам 3.000 ден. Сум прошетал многу и изгледа само кај нас експертите имаат стратегија за развој на туризам и промоција на македонските убавини. Епа да ви се намо*ам на експертите, објави Рафески.
СкопјеИнфо

The post Сакал да ја промовира Македонија пред светот, но за фотографирање во Охрид му побарале 3.000 денари!!!! appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK