мај 14, 2026

Крилниот напаѓач Лирој Сане ќе остане во Баерн Минхен најмалку уште една година. 27-годишниот фудбалер и неговите агенти одлучија да не бараат други можности во пресрет на новата сезона која започнува многу брзо.

Сане ќе се обиде да најде опции за продолжување на кариерата следното лето, кога ќе има само уште една година од договорот со германскиот шампион.

Претходно беше објавено дека Барселона размислува за трансфер на Сане, кој би можел да го замени Oсман Дембеле. Французинот е пред трансфер во Пари Сен Жермен.

Германскиот репрезентативец игра за Баерн Минхен од летото 2020 година. Досега одигра 133 натпревари на кои забележа 38 гола и 37 асистенции. Поранешниот играч на Шалке 04 и на Манчестер Сити е проценет на повеќе од 65 милиони евра.

The post Лирој Сане останува во Баерн, отпадна опцијата за трансфер во Барселона appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK