мај 14, 2026

Големиот гнев кај навивачите на фудбалскиот клуб АЕК поради убиството на 29-годишниот Михалис Кацурис, кое се случи откако хулиганите на Динамо Загреб нападнаа група навивачи на АЕК од Атина пред арената „OPAP“ продолжува да расте.

Навивачките здруженија преку социјалните мрежи ги повикуваат навивачите да излезат на улица денес во 19 часот и 30 минути и да ги нападнат навивачите на Панатинаикос кои ќе излезат на натпреварот на нивниот клуб со Марсеј, пишува Iefimerida. Тие беа на мета поради информациите дека навивачите на Панатинаикос им помогнале на хулиганите на Динамо Загреб да го организира нападот.

„Денеска ги замолуваме сите навивачи на АЕК од северните предградија да излезат во групи на улица и да бараат копилиња кои одат на натпреварот. Во 19:30 се среќаваме во Патисија, не чепкаме семејства и мали деца“, напишаа во објава на социјалната мрежа Инстаграм навивачите на АЕК.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK