мај 14, 2026

Кошаркарската репрезентација на Македонија ќе биде значително ослабена на предолимпискиот турнир во Талин, откако во последен момент од селекцијата на Александар Јончевски отпадна Ненад Димитријевиќ. Плејмејкерот на Уникс Казан ја повредил тетивата на последните два пријателски натпревари против Полска во Белград.

Отсуството на најдобриот кошаркар сигурно ќе биде голем удар за шансите на Македонија на овој турнир.

Кошаркарите утре патуваат за Талин, каде во наредните денови ќе одиграат три натпревари на предолимпискиот турнир. На 12 август, во првото коло Македонија ќе се сретне со Израел, еден ден подоцна ривал ќе биде домаќинот Естонија, а на 15 август за противник ќе ја има селекцијата на Чешка.

The post Ненад Димитријевиќ се повреди, не патува со репрезентацијата на Македонија во Талин appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK