мај 14, 2026

Лоциран е еден од главните осомничени за убиството на Микалис Кацурис, 29-годишниот навивач на АЕК, кој го загуби животот во понеделникот, во навивачка пресметка во Неа Филаделфија, во Атина.

Главниот осомничен за убиството на навивачот на АЕК не е Хрват | Полицијата го уапси 

Станува збор за грчки државјанин, навивач на Панатинаикос, добро познат на тамошните власти, затоа што веќе имал кривично досие и бил во затвор. Тој бил пуштен на условна слобода пред шест месеци, а сега бил меѓу уапсените и осомничените за грозниот чин.

Потребно е неговите отпечатоци и генетскиот материјал да бидат споредени со оние од местото на убиството за да се елиминира или потврди како осомничен. Според извештајот од обдукцијата, смртта дефинитивно настанала поради пресечената артерија на раката, што не била единствената рана која напаѓачите му ја нанеле на убиениот. Се претпоставува дека до неа дошло додека се бранел.

Ова се совпаѓа со соопштението на навивачката група на Динамо Загреб, во кое се осудува користењето нож во навивачка пресметка.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK