мај 14, 2026

Основното јавно обвинителство Струга донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Кај 32-годишниот стружанец полицијата пронашла околу еден килограм марихуана, која ја носел со себе во картонска кутија.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово, пак, поведе истражна постапка против 34-годишен тетовец за истото кривично дело, бидејќи во подрумот на зграда во населбата Чешел држел вкупно 30 пакувања наркотична дрога марихуана со различна грамажа и со вкупна нето маса од 20,32 грама.

За двајцата осомничени до надлежните судови се поднесени предлози за определување мерка притвор, кои се прифатени и на лицата им се определени бараните притворски мерки.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK