мај 14, 2026

По повод одбележување на Меѓународниот ден на младите 12.08, Град Скопје во соработка со МКЦ и Универзална сала, утре организираат бесплатен културно забавен настан на отворено во првиот дел од Градскиот парк.

Програмата започнува во 20:30 часот со проекција на филмот „Сестри” од режисерката Дина Дума, а потоа следува музичка забава за младите со настап на DJ Marigo во 22 часот и настап на Zoki Bejbe vo 23:30 часот.

Град Скопје ги поканува граѓаните на утрешниот културно забавен настан во Градскиот парк, каде што посетителите ќе имаат можност да уживаат во културната и музичката програма и да поминат пријатни летни мигови.

Град Скопје посветено работи на подобрување на условите за живот на младите. Значајно е да се нагласи дека минатата година на овој ден се потпиша решението за формирање Собранието на млади на Град Скопје, кое се основаше за првпат во Градот Скопје со цел зголемување на учеството на младите лица во носењето на одлуките од нивен интерес на локално ниво.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK