мај 14, 2026

Пред платото на Офицерскиот дом во Битола на 24 август ќе се одржи фестивал на македонската староградска песна „Ех, таа серенада“. На овој фестивал се враќа и легендарниот Драган Мијалковски, едно од најголемите музички имиња. Драган, ќе ја пее песната „Чекај ме, мила моја“, чиј автор е Љупчо Трајковски-Фис. По пет години Драган повторно се враќа на сцената. Тој беше победник на 34 издание на „Фолк фест Валандово“ во 2019 година.  Мијалковски ја овсои првата награда претставувајќи се со песната „Илина“, чиј автор е Љупчо Трајковски Фис, а тогаш повторно се врати на музичките настапи по 20 години пауза.

На овогодишниот фестивал  “Серенада“ на избраните музички дела ќе им биде даден хонорар од 12.000 денари за текст, 12.000 денари за музика и 12.000 денари за аранжман. Изведувачите ќе добијат хонорар од 5.000 денари“, соопштуваат организаторите.


The post Драган Мијалковски се враќа на музичката сцена, ќе ја пее „Чекај ме, мила моја“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK