мај 14, 2026

Пејачот Хари Стајлс е во врска со актерката Тејлор Расел, пренесоа светските медиуми. Двајцата биле видени заедно на претстава во која таа глуми во театар во Лондон. Хари ја запознал со пријателите и останал со неа целата вечер, открија извори блиски до пејачот.

Тејлор е канадска актерка која работи од 18 година. Има играно во телевизиски филмови и серии, а стана позната и во серијата на „Нетфликс“, „Изгубени во вселената“ од 2018 година.

Најзабележителната улога досега е во филмот „Коски и се“ со Тимоти Шаламе, кој премиерно беше прикажан минатата година на филмскиот фестивал во Венеција.


The post Хари Стајлс е во врска со канадската глумица Тејлор Расел appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK