мај 14, 2026

Четирикратниот НБА шампион и еден од најдобрите во историјата Тони Паркер, доби свое место меѓу великаните, во Куќата на славните на НБА во Спрингфилд. Заедно со Грег Поповиќ, Ману Џинобили и Тим Данкан се симбол на времето кога со Спарси освојуваа трофеи.

Пред него во куќата на славните влегоа неговите тимски играчи од Сан Антонио, Џинобили и Данкан. Паркер во 2001-ва година беше избран како 28-ми пик на драфтот од Сан Антонио Спарс. Во 2007 стана првиот Европјанин кој освоил МВП награда во НБА финале.

Шест пати играше на Ол-Стар натпреварите, а четири пати беше избран во тимот на сезоната. На шесто место е на вечната листа по број на асистенции и на 10-то по број на поени во НБА. Со Франција го освои Европското првенство во 2013 година, а две години подоцна стана најдобар стрелец во историјата на ова натрпеварување.

 

 


The post Тони Паркер влезе во Куќата на славните на НБА appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK