мај 13, 2026

Неофицијално од туристи од Македонија кои се сместени на Кавос на островот Крф во Грција исчезнале. ТВ21 дознава дека тројца туристи од Македонија ги нема веќе два дена.

Водичот на македонската агенција Рапсоди Травел информирал дека тројца од групата која пред 9 дена замина од Македонија на Кавос, ги нема и не одговараат на нивните телефони, дури ниту на „Вибер“.
Патем, објавени се фотографии од собите кои ги напуштиле, каде имало траги од крв, и ги немале нивните куфери.

Исчезнувањето е пријавено на грчката полиција, која пак по службена должност треба да го извести нашето конзуларно претставништво во Грција, а тие македонското МНР.

Потврда побаравме и од туристичката агенција која го организира патувањето но никој не одговара на телефонските повици. Во меѓувреме го контактиравме МНР од каде што ни рекоа дека ќе ја проверат информацијата.
tv21

The post Три млади лица од Македонија исчезнаа во Грција! Два дена никаква трага, во собата траги од крв, ги нема и нивните куфери! appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK