мај 13, 2026

Основачот на „Амазон“, Џеф Безос и неговата свршеница Лорен Санчез се прошетаа во Дубровник во придружба на актерот Орландо Блум и неговата сопруга и пејачка Кети Пери.

Двојките се движеа слободно, придружувани од искусни папараци.

Пред неколку дена медиумите од Хрватска ја пренесоа информацијата дека во близина на Дубровник, забележана е јахтата на Безос.

Бизнисменот веќе некое време плови низ Европа, а бил и во Грција и Италија со суперјахта вредна 500 милиони долари, а на неа често му се придружуваат и други популарни гости.

Пред неколку дена, Безос и неговата вереница Лорен Санчез беа придружувани од актерката Деми Мур. Заедно уживале на јахта во Грција.

Но, Мур не е единствената која била ова лето на суперјахтата на Безос. На почетокот на август Безос заплови во Италија, а потоа на јахтата ги покани Бил Гејтс, неговата девојка Пола Херд и поранешната сопруга на Руперт Мардок, Венди Мардок.

 

The post Џеф Безоос со свршеницата на прошетка во Дуброник, друштво им правеа Орландо Блум и Кети Пери appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK