мај 13, 2026

Српската поп-ѕвезда Јелена Карлеуша неодамна го објави долгоочекуваниот албум „Алфа“, а сега најави дека нејзиниот втор албум „Омега“ ќе пристигне на 20 август.

Додека поп-ѕвездата денеска го слави роденденот, по тој повод реши на своите фанови да им ги соопшти новитетите.

„Драги мои, ви благодарам за морето од впечатоци, критики, честитки. Сакав да ве изненадам за мојот роденден и да го најавам мојот 12-ти студиски албум „Омега“, на кој паралелно работам цело ова време. Ви ја претставувам „кавер уметноста“ на албумот „Омега“, кој е целина сама по себе, естетски и жанровски, нешто сосема поразлично од албумот „Алфа“, а на интернет ќе се појави на 20 август“, напиша Јелена на објавата.

Пејачката на 13 август го објави албумот „Алфа“, со десет песни.

The post По „Алфа“, Јелена Карлеуша ќе го објави и вториот албум „Омега“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK