мај 13, 2026

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски Иџе на три трки до крајот е лидер во пласманот во Европскиот шампионат на ридски патеки. Претстојниот викенд ќе настапи на патеката Сент Урсан во Швајцарија и со добар резултат ќе се доближи до нова титула.

„И викендов очекувам добра трка. Посакувам да постигнеме одличен резултат. Би сакал да се заблагодарам на сите кои во мојот тим го препознаа потенцијалот и не поддржаа за натпреварувањата за оваа сезона, особено моите спонзори кои веруваат во мојот потенцијал“, рече Иџе.

За потсетување, трката во Швајцарија ќе биде осма од десетте планирани сезонава во Европскиот шампионат.


The post Игор Стефановски Иџе на чекор до нова европска титула appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK