мај 13, 2026

Вевчанец со воздушна пушка пукал кон кучиња домашни миленици, додека сопственикот ги шетал на улица.

Приведен маж од Вевчани, пукал кон кучиња домашни миленици

МВР објави дека мажот е приведен,а станува збор за 67-годишник со иницијали П.П. од Вевчани.

„Тој се сомничи дека околу 18.00 часот со воздушна пушка пукал кон кучиња домашни миленици, сопственост на Г.М. од Вевчани, кои на улица биле во придружба на сопственикот“, соопштуваат од полицијата.

Пушката била одземена, а по целосно документирање на настанот, против П.П. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK