мај 13, 2026

Аца Лукас одговори на прозивките и нападите од неговиот менаџер, Александар Радуловиќ Фута, кој го тужи фолк пејачот за прекршување на авторските права и седумцифрен долг. Откако објави дека го тужи заради долг, Лукас одговори дека нема намера да даде ниту едно евро.

Пејачот упати низа прозивки и обвинувања против Фута и неговата покојна сопруга Марина Туцаковиќ.

„Јас не сум од оние кои ќе молчат кога ќе ги прозваат и нема да дозволам еден префинет измамник, хохштаплер и повеќекратно лекуван, но неизлечен алкохоличар да ме навредува и прозива. Како ме измами дотичниот и каква тортура трпи овој бедник, само јас знам, но ќе се борам како што знам, за да повеќе не ме рекетира. За тоа што со години ме малтретираш мене и семејство, ќе платиш, биди сигурен. Вразуми се и погледни малку наназад“, рече Лукас.

 

The post Нема да дозволам да ме навредува еден алкохоличар и хоштаплер, Аца Лукас му одговори на Фута откако менаџерот го тужеше за кршење на авторски права appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK