мај 13, 2026

Сарина Вигман би можела да биде првата жена селектор на Англиската фудбалска репрезентација. Таа може да го смени Герет Саутгејт кој на клупата на Гордиот Албион е од 2016 година.

Сарина е жената која ги предводеше Англичанките до трофејот на Европско минатата година, а сега и до финалето на Светско. Нејзиното име прв го спомена претседателот на Фудбалската асоцијација на Англија, Марк Билингем.

„Сарина Вигман многу веројатно ќе го замени Герет Саутгејт како селектор на англиската репрезентација. Среќeн сум поради неа и што ѝ оди многу добро. Сарина е најдобрата личност за наследник на Саутгејт. Што е важно што е жена? ако таа е најдобар кандидат“, рече Билингем.


The post Жена за првпат би можела да седне на селекторското место на Англиската фудбалска репрезентација appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK