мај 13, 2026

Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар синоќа во Гостивар, го привеле од слобода 23-годишниот С.Д. од гостиварско Чегране. 

Тој, како што известуваат денеска  од Министерството за внатрешни работи, бил пријавен од 48-годишниот Д.Р. од Охрид дека околу 15.00 часот во Гостивар му одзел личен предмет и избегал. При приведувањето кај него биле пронајдени и одземени кокаин и нож.

С. Д. е задржан во Полициската станица Тетово, за целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK