мај 13, 2026

Американската пејачка Пинк на концертот во Детроит во средата отворено ја поддржа пејачката Бритни Спирс, која е среде развод со фитнес тренерот Сем Асгари.

На концертот во Детроит во Комерсија Парк, Пинк го сменила текстот на песната Don’t Let Me Get Me и на тој начин ја поддржала пејачката Бритни Спирс, пишува Дејли Меил.

Оригиналниот текст на песната гласи: „Уморна сум да ме споредуваат со проклетата Бритни Спирс, таа е толку убава, тоа едноставно не сум јас“.

Но Пинк го замени зборот „проклетата“ со „слатката“.

Бритни Спирс и Сем Асгари се разведуваат по нешто повеќе од една година брак. Сем поднесе барање за развод во средата, неколку часа откако се појавија првите гласини за нивното раскинување. Ова наводно се должи на гласините за аферата на Спирс, што довело до голема тепачка, по што Асгари се иселил од заедничката куќа.

The post Пинк промени текстот на своја песна во знак на поддршка за Бритни Спирс која е среде развод appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK