Патнички автобус удри во автомобил oд марката „голф“. Ова се случи попладнево спроти трговскиот центар „Мавровка“, а во правец кон стоковна куќа „Мост.
Се утврдува како автомобилот кој е со кумановска регистрација, се извртел, за автобусот да удри во него од страната на возачот.
Случајот е пријавен во полицијата, од каде се излезени увидни екипи. Од под хаубата на „голфот“, на асфалтот имаше истечено и течност. Додека се чекаше увидна екипа, местото не беше соодветно обележано.
Од МВР за „Макфакс“ велат дека во оваа несреќа засега нема пријавено повредени лица.
Следете не, не има насекаде