мај 13, 2026

Банката на Ирска се соочи со криза откако многу нејзини клиенти се собраа на банкоматите обидувајќи се да го искористат компјутерски дефект. Во некои случаи, грешка во онлајн апликацијата им дозволуваше на луѓето без пари на нивната сметка да префрлат до 1.000 евра.

Дејли Мејл објави дека банката ги известила клиентите во раните попладневни часови дека има проблем со нејзината онлајн апликација за лично банкарство и веб-страница, откако претходно била преплавена со поплаки од клиенти.

Bank of Ireland taking unilateral action to stimulate the economy. Willy wonka quantitative easing evening. And the crowd sang money for nothing and your cheques for free. Oh how we laughed.
I wonder will anybody take the credit for this initiative, surely! pic.twitter.com/fXTbPRnBz5

— BB Baskin (@BB_Baskin) August 16, 2023

 

До вечерта, клиентите на банките открија дека можат да подигнат готовина од банкомати иако имаат малку пари на нивните сметки. На властите им беше наложено да ги исчистат редиците надвор од банкоматите додека луѓето стоеја обидувајќи се да ја искористат грешката.

Откако веста се рашири на социјалните мрежи, избезуменото повлекување готовина продолжи во Даблин, Лимерик и Наван. Полицијата се обидуваше да ги запре, а граѓаните беа предупредени дека не постои бесплатна готовина и дека сите пари ќе мора да се вратат.

 


The post Се расипаа банкоматите во Ирска, луѓето подигаа и по 1000 евра и со нула салдо на нивните сметки appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK