мај 13, 2026

На  22. и 23. септември во центарот на Штип ќе се одржи новото издание на познатата “Штипска пастрмалијада”. И оваа година штипјани, а и сите останати посетители ќе јадат штипска пастрмајлија, ќе се забавуват со музиката на познати македонски но и балкански музички имиња.

Првата вечер на Пастрамалијадата ќе пее  Саша Ковачевиќ. Ќе настапат и Пајак и Лара. Следниот ден ќе пејат Амадеус бенд, Љубојна и ѕвезда на вечерта е  хрватската пејачка Даниела Мартиновиќ.

Ова е последна година Пастрамалијдата да се одржи на ваков концепт. Градоначалникот Иван Јорданов најави новитети наредната година и позитивни промени кои се случуваат. За овогодинешното издание на “Штипска пастрмалијада” се издвоени 2,5 милиони денари, пари од општинскиот буџет и од спонзори.

 


The post Ќе се јаде пастрмајлија во Штип со Саша Ковачевиќ и Данијела Мартиновиќ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK