мај 13, 2026

Пејачот Ламбе Алабаковски на Големо Езеро на Пелистер ја испеја традиционалната македонска песна „Заветна“ која пред 31 година ја отпеа пејачот Пепи Бафтировски. На Големо Езеро се искачи по „Дебел Рид“, а песната ја испеа на брегот каде уживаа голем број на посетители.

За потсетување, текстот е на Георги Барбаровски, а брат му Миле Барбаровски е автор на музиката. Станува збор за една од оние песни во кои Бафтировски го опејуваше родниот крај.

Создадена е пред повеќе од 30 години и е песна која ја опејува вековната тага што се пренесува од поколение на поколение, но и вербата дека ќе дојдат подобри денови.

Видео: Bitola News


The post (Видео) Ламбе ја испеа „Заветна” на Големо Езеро на Пелистер appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK