мај 13, 2026

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопјe изминатата седмица санкционираа 234 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање
на сообраќајот.

-Во периодот од 14 до 20 август, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ, отстранети се 121 непрописно паркирани возила, а со поставување блокатор санкционирани се 113 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, соопштуваат од ЈП Паркинзи на Општина Центар.

ЈП ПОЦ и Општина Центар апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност по улиците. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK