мај 13, 2026

Во Скопје денеска во 12.35 часот на ул.„Радишанска“ полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Г.(46) од скопското село Радишани.

Од МВР информираа дека тој бил баран по Централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело по член 235 од Кривичниот законик.

– Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната, информираа од МВР. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK