мај 13, 2026

Министерството за здравство најави дека ќе го разгледаат случајот и ако се потврди дека има пропусти, тогаш ќе бидат преземени строги мерки. По објавувањето на видеото на телевизија Клан, на кое се гледа дека додека пациент со кислородна поддршка лежи во санитетско возило, а медицинскиот тим пие кафе, директорот на Здравствениот дом во Струга за Телма изјави дека паузата за кафе е направена на барање на ќерката на пациентот, а истото го потврди и таа во телефонски разговор.

Пациентот бил во терминална фаза на болеста и роднините побарале од Здравствениот дом во Струга, со нивно возило тој да биде пренесен во струшката болница, каде подоцна бил сместен на одделението за хирургија. Видеото е снимено пред една седмица.

Според етичкиот кодекс, здравствените работници не смеат да ги слушаат желбите на роднините на пациентите, туку да се грижат за животот и здравјето на пациентот.

The post Здравство испитува зошто струшката Итна помош застанала на кафе на бензинска, по барање на роднина на тешко болен пациент appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK