мај 13, 2026

Јелена Карлеуша вчера ја изненади публиката и објави уште еден албум насловен „Омега“, само една недела откако го објави албумот „Алфа“, кој ги сруши сите рекорди на слушање.

Песната која веднаш се издвои и стана омилена на многумина е песната „Романе“.

Во неа Јелена му пее на богат Русин, го моли да не потпишува предбрачен договор, вели дека таа ќе му биде љубов и дека ќе го сака.

Многумина се прашуваа дали песната е посветена на рускиот олигарх Роман Абрамович, а деталите ги открила авторката на песната Љиља Јорговановиќ.

„Да, песната е посветена на Роман Абрамович. Тој е одличен човек. Убав, паметен, богат, згоден… И веднаш стана хит, изјавила Љиља за Телеграф.

На прашањето зошто решила да пишува за Роман, а не, на пример, Андреј Мелниченко, таа дадала духовит одговор.

„Не се занимавав многу со руски олигарси. Некако Роман е најдобрата инспирација за песната… А пораката треба да е убава“, вели таа и додала дека текстот го напишала многу пред да започне војната во Украина.

„Патем, песната е напишана пред војната во Украина. Ја напишав пред две години“, изјавила авторката.

 

The post Јелена Карлеуша му се додворува на Роман Абрамович: Тој е убав, паметен, богат и згоден appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK