По болниот пораз во финалето на Светското првенство од Аргентина, француските фудбалери во прв момент одбија било каков пречек во Париз, но работите во меѓувреме се променија.
По поразот не им беше до било какво славје, сакаат што побрзо да си заминат дома, да се одморат и да ги средат впечатоците.
Но, планот се промени, фудбалерите се појавија во Париз каде што добија величенствен пречек од илијадници луѓе кои знаат да го почитуваат напорот на своите миленици и покрај тоа што не го одбранија големиот трофеј.
Селекторот Дидие Дешам објасни зошто одлуката била променета и тие сепак одлучиле да се појават на пречекот.