мај 13, 2026

Тарик Филиповиќ  летото го минува на Пореч, на Истра, каде што купи куќа. Тарик е тука со сопругата Лејла, нивниот син Арман и нејзиниот син Дино кој е од првиот брак, со Дадо Мајоли. Двојката често објавува фотографии од нивната семејна идила.

Вилата „Баладур“  Тарик ка купи во 2008 година, пишуваат хрватските медиуми. Вилата е изградена од камен, по примерот на старите локални куќи. Опремена е со уникатен мебел и типични истарски антиквитети. Има пространи тераси, стар бунар и покриен трем со камин, од каде има поглед кон морето. Опкружена е со миризливи медитерански растенија и низок камен ѕид. Тарик и Лејла се во брак повеќе од 15 години, а во јуни го прославија роденденот на постариот син Дино.

 


The post (Фото) Тарик Филиповиќ ужива во луксузната вила на Истра appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK