мај 13, 2026

Авиокомпаниајта Janet се смета за една од најмистериозните во светот, затоа што управува со авиони кои полетуваат од меѓународниот аеродром во Лас Вегас и надлетуваат околу просторот во Областа 51. Истражувачите на НЛО ги нарекуваат нивните летови како строга чувана тајна.

Авиокомпанијата главно ја опслужува Националната безбедносна област Невада, главно Областа 51, пределот Тонопа и меѓународниот аеродром Хари Рид во Лас Вегас.

Поради таинствената природа на авиокомпанијата, малку се знае за нејзината организација. Заради нејзината тајност, авиокомпанијата на меѓународниот аеродром Хари Рид има посебен терминал, кој не е прикажан на официјалната мапа на аеродромот и е строго чуван и не е достапен за обичните туристи.

Дневно се случуваат околу дванаесет летови со вкупно 1000 патници. Поради тајноста на авиокомпанијата, се користат специјални шифри за дестинациите. Првите летови од Лас Вегас до Областа 51 се случија во 1972 година.

Флотата се состои од шест Boeing 737-600, за кои се вели дека некогаш биле во сопственост на Air China, дополнети со Beech 1900s и Beechcraft King Airs по потреба.

„Пистите се исчистени за овие летови. Сите други авиони треба да се повлечат и да им дадат право на првенство на минување“, рече еден од пилотите.

 

 

The post Мистериозни авиони летаат над Областа 51 во САД, никој не знае кој управува со нив и што пренесуваат appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK