мај 13, 2026

Синот на познатиот композитор и член на жирито на „Ѕвездите на Гранд“, Драган Стојковиќ Босанац, Александар, бил приведен во мај за семејно насилство. Некои од медиумите пренесоа дека завршил во полиција за малтретирање на татко му.

Александар бил приведен за кривично дело семејно насилство, а по овој предмет одлучило обвинителството. Оттаму рекоа дека на 5 мај годинава, во стан во Нов Белград, Александар му се заканувал на Драган дека ќе го убие, по што му биле одредена мерка притвор од триесет дена.

Александар негира дека го нападнал татко му, а и Драган Стојковиќ го повлече сведочењето. Пејачот го искористи законското право да не сведочи против син му, по што пријавата е отфрлена. Босанац рече и дека не знае од каде им се информациите на медиумите дека бил малтретиран од син му.

„Не знам од каде ви е информацијата дека син ми некого претепал. Мислам дека нема врска со мојот Александар. Не ме интересираат такви работи и не знам кој што тврди. Не сакам да разговарам за ова“, рече Босанецот за медиумите.

The post Синот на Босанац му се заканувал на татко му дека ќе го убие, па завршил во притвор appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK