мај 12, 2026

Македонската натпреварувачка Адријана Поп Арсова, не успеа да ја заврши трката на женскиот маратон на Светскотото првенство во Будимпешта. Се откажала по 22 километри од патеката. На трката победи атлетичарката од Етиопија, Амане Берисо Шанкуле.

Амане е нова светска шампионка откако патеката од 42,195 километри ја помина прва за време од 2:24:23 часа. Конечниот напад го направи на пет километри пред крајот, кога се одвои од конкурентките и во соло трка успеа да ја задржи предноста.

Второто место ѝ припадна на нејзината сонародничка Готитом Гебресласе, додека бронзениот медал го освои Мароканката Фатима Гардади.


The post Македонката Поп Арсова не ја заврши трката на маратонот во Будимпешта appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK