мај 12, 2026

МВР информира дека завчера во 11,20 часот пријавено е дека во Скопје на крстосницата од ул. „Пролет“ и ул. „706“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно моторно возило „цитроен“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Г.Х.(50) од Скопје, мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од Ф.А.(28) од Скопје и патничко моторно возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.Т.(18) и совозач-инструктор Н.Ѓ.(39) двете од Скопје.

Ф.А. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде од лекар му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK