мај 12, 2026

Се уште се силни пламените јазици во скопски Илинден.

„Едниот крак на пожарот е ставен под контрола. Вториот се движи кон манастирот каде дел од вегетацијата е изгорена од вчера. Нема опасност по населени места“, рече директорот на ЦУК, Ангелов.

Претходно, тој рече дека на едниот крак дејствува ер трактор на ДЗС, а на вториот, полошиот крак, дејствуваат два хеликоптери на МВР.

„Со механизација е направено и забраздување, т.н пресеци за да се спречи ширењето на пожарот надвор од оваа линија. Тука има и доброволци од Свети Николе и локално население. Заедно ќе се обидеме да го спречиме огнот, да не може да продолжи нагоре, бидејќи ќе тргне во насока кон Куманово. Може да дојде до уште посериозни димензии“, изјави тој.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK