Македонската натпреварувачка Адријана Поп Арсова, не успеа да ја заврши трката на женскиот маратон на Светскотото првенство во Будимпешта. Се откажала по 22 километри од патеката. На трката победи атлетичарката од Етиопија, Амане Берисо Шанкуле.
Амане е нова светска шампионка откако патеката од 42,195 километри ја помина прва за време од 2:24:23 часа. Конечниот напад го направи на пет километри пред крајот, кога се одвои од конкурентките и во соло трка успеа да ја задржи предноста.
Второто место ѝ припадна на нејзината сонародничка Готитом Гебресласе, додека бронзениот медал го освои Мароканката Фатима Гардади.
The post Единствената македонска претставничка на Светското првенство во атлетика во Будимпешта се откажа по 22 истрчани километри appeared first on Шило Магазин.
Следете не, не има насекаде
